Можеби звучи чудно, но тоа е реалниот свет на социјалните мрежи, па секојдневие е да добиете порака од некој пријател или познаник, дека неговиот профил е ,,хакнат”.

Имуни на тоа не се ниту спортските организации. Така денеска од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека токму ФФМ била цел на ,,компјутерските пирати” или популарни, ,хакери”.

Во информацијата од ФФМ се вели:

Фудбалската федерација на Македонија информира дека официјалниот Фејсбук профил на федерацијата (Фудбалска Репрезентација на Македонија) е хакиран.

Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ФФМ.