,,Нероаѕурите” продолжуваат со одличните игри и ја запиша четвртата победа во низа, откако вечерва ја надиграа Рома на гостински терен со 0:2.

Резултатот го отвори ДиМарко во 37.та минута, откако прими одлично додавање од Думфрис, па со силен удар го остави немоќен Руи Патрисио.

Прашањето на победникот на натпреварот го реши Ромелу Лукаку во 74.тата минута на асистенција на Лаутаро Мартинез.

Рома на Мурињо продолжи со серијата лоши резултати, и се чини полека го губи чекорот за топ 4 во Серија А.

Интер со оваа победа се врати на четвртата позиција.