Јувентус и Аталанта се изнамачија за да стигнат до победи против своите противници во натпреварите од 33.коло. Аталанта триумфираше против Специја со 3-2, додека Јуве славеше со 2-1 против Лече.

Аталанта натпреварот го започна на „погрешна страна“, бидејќи во 18-та минута веќе имаше негатива од 1-0. Стрелец на голот беше Емануел Гијаси. Мартен Де Рон израмни во 32-та минута и на полувреме екипите отидоа со резултат 1-1. Давиде Запакоста и Луис Мјуриел во 48-та и 54-та минута го зголемија водството на Аталанта на 3-1 со што го комплетираа „камбекот“. Во 64-та минута Специја дојде и до втор гол, а стрелец беше Мехди Боурабија.

Јувентус пак натпреварот го започна со малку среќа бидејќи на Лече им беше поништен гол кој го постигна Цесај во 3-та минута поради офсајд. Леандро Паредес во 15-та минута стрелаше за 1-0. Во 26-та минута овојпат на Јуве му беше поништен гол поради офсајд, а стрелец беше Мирети. Асан Цесај од пенал во 36-та минута израмни на 1-1. Душан Влаховиќ во 41-та минута стрелаше за 2-1 за Јувентус. Натпреварот до крај остана непроменет.

На табелата во италијанската Серија А, Аталанта стигна до 4-та позиција со 58 бодови, пред Рома, Милан и Интер кои имаат натпревар помалку и 57 бодови. Јувентус пак со искачи на 2-та позиција со 63 бода, пред Лацио кој има натпревар помалку и 61 бод.

Андреј Вељаноски