Со победата од 3:1 во градското дерби против Челзи, екипата на Арсенал се врати на првото место на табелата со два бода повеќе од првакот Манчестер Сити, но и со два натпревара повеќе.

Со вечерашниот триумф Арсенал ја прекина серијата од четири натпревари без победа, додека Челзи остана на 12.то место со 39 бодови и со само еден освоен бод на последните пет натпревари (четири порази на четири натпревари).

Резултатот го „отвори“ капитенот на „топџиите“ Мартин Одегард во 18.та минута. Истиот играч во 31.та минута зголеми на 2:0, а третиот гол за домашниот тим три минути подоцна го постигна Габриел Жезус.

„Сините“ намалија во 65.та минута, но немаа сили за да го направат натпреварот неизвесен. Стрелец на голот за Челзи беше Нони Мадуеке што беше негов првенец.

Арсенал е лидер на табелата со 78 бодови од 34 натпревари, додека Манчестер Сити е втор со 76 бодови од 32 натпревара.