Ерлинг Халанд изгледа незапирливо оваа сезона. Тој веќе има постигнато 34 гола во Премиер лигата и го израмни рекордот на Алан Ширер и Енди Кол, вкупно постигна 50 гола во една сезона за да се израмни со Том Воринг кој го направи тоа во 1930 година.

Но, тоа не е се. На напаѓачот на Манчестер Сити му недостасуваат „само“ 13 гола за да израмни еден од најстарите рекорди во Англија.

Имено, во далечната 1928 година, напаѓачот на Евертон, Дикси Дин ја заврши сезоната со 63 постигнати голови, а долго време се мислеше дека никој никогаш нема да успее да го собори тој рекорд, а потоа се појави Халанд.

На натпреварот против Фулам, Халанд постигна гол од пенал и тоа особено го импресионираше тренерот Пеп Гвардиола, кој со доза на шега изјави.

„Тој е одличен. Неодамна промаши пенал против Баерн, но тоа не беше проблем за него. Ја презеде одговорноста и шутна. Колку што знам, последниот пат кога некој во Англија постигнал 50 гола, Винстон Черчил сè уште не бил премиер на Велика Британија“.

Норвежанецот има вкупно 10 потенцијални натпревари пред него за такво нешто, и тоа шест во Премиер лигата, еден во финалето на ФА Купот, два во полуфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид и потенцијално финале во Истанбул.