Екипите на Мајами и Њујорк го сочинуваат првиот пар во полуфиналето на НБА плеј-офот во Источната конференција.

Ова откако двата тима стигнаа до четвртите победи во дуелите со Кливленд и Мемфис.

Њујорк предводени од Бронсон и неговите 23 поени, лесно се справија со Кливленд и тоа на гостински терен со 106-95 и со 4:1 во победи ја затворија првата рунда од разигрувањето.

Противникот на „Никси“ во полуфиналето на истокот, Мајами направи големо изненадување елиминирајќи го најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната Милвоки. Во петтиот натпревар „хитси“ славеа на теренот на противникот со 128-128 по продолжението, дуел во кој Џими Батлер одново беше брилијантен и постигна 42 поени за победничката екипа, па така бадијала беше импресивниот дабл-дабл на Јанис Антетокумпо со 38 поени и 20 скокови, како и 33 поени на Крис Мидлто.

Серијата подобар до четири победи меѓу Њујорк и Мајами започнува во недела, а првите два натпревари се играат на теренот на „Никси“ во „Медисон Сквер Гарден“.