Екипата на Олимпик Марсеј како гостин ги освои трите бода во дербито од 32.коло против Олимпик Лион во Француската лига со победата од 2:1.

Дуелот беше решен во судиското надополнување на вториот дел кога Мало Густо ја затресе сопствената мрежа. Победата за Олимпик Марсеј е важна бидејќи екипата дојде до значајни бодови во борбата за директен пласман за Лига на Шампиони.

Инаку, Ченгиз Ундер во 44-та минута го отвори резултатот за водство на Марсеј од 1:0. Во второто полувреме Лаказет во 68-та минута изедначи на 1-1.

Се изгледаше дека натпреварот ќе заврши со реми, но автоголот во 93-та минута им донесе победа на гостите.

Со оваа победа Марсеј се врати на второто место со 67 бода, еден бод пред Ленс кои се на третото место. Лион останува на седмата позиција со 50 бода. Лидер е ПСЖ со 75 бодови.