Баерн Леверкузен со победа од 2-0 против Лајпциг го задржа шестото место во Бундес Лигата.

Домаќините го отворија резултатот преку Хлозек кој со одличен шут во долниот лев агол го матираше противничкиот голман во 40 минута.

Шансата на натпреварот за Лајпциг  ја имаше Нкуку во 66-тата минута, кога иако успеа да го совлада противничкиот, неговиот удар од гол линијата ја исфли одбранбениот играч.

Во финишот на натпреварот по лош старт на Шобошлаи беше досуден и пенал, Левркузен доби пенал кој подоцна го реализираше Амири кој ги постави конечните 2-0 за домаќините.

Победата на Леверкузен не ја смени драстично табелата во Бундес лигата и покрај поразот Лајпциг останува на петтото место 4 бода зад денешниот противник.