Екипата на Интер успеа да победи по повеќе од 1,5 месец откако во пладневниот натпревар од 31.коло од Серија А го совлада Емполи на негов терен со 3:0 и сите три голови беа постигнати во вториот дел. Со оваа победа екипата на Интер ја прекина серијата од пет натпревари без победа од кои четири беа порази и едно реми.

По првиот дел во кое немаше голови, на самиот почеток на вториот дел Интер поведе со голот на Ромелу Лукаку во 48.та минута на асистенција на Марсело Брозовиќ. Стрелец и на вториот гол беше Лукаку, откако му асистираше Чалханоглу во 76.та минута. Конечните 3:0 ги постави Латуро Мартинез, а овојпат Лукаку беше асистент на голот.

Интер со 54 бодови е на петтото место на табелата или еден повеќе од градскиот ривал Милан, а два помалку од Рома, но и натпревар повеќе. Откако му ги вратија бодовите Јувентус е трет со 59, додека Наполи е лидер со 75, пред Лацио со 61.

Емполи е во безбедна зона барем засега околу испаѓањето од лигата, иако е во лоша серија и на последните три дуели освои само еден бод. Се наоѓа на 15.то место со 32 бода, или шест повеќе од Верона која е на 18.то место.