Екипите на ГОК Борец и Струмица Никоб попладнево ќе го одиграат вториот натпревар од финалната серија во одбојкарскиот шампионат на Македонија.

Актуелното првак Струмица го доби првиот меч убедливо без загубен сет со 3-0 и најави дека и годинава атакува на двојната „круна“. Струмичани веќе освоија еден трофеј и тоа во Купот откако во финалето го совладаа токму Борец.

Велешани знаат дека играат против фаворизираниот тим, но нема што да загубат, па затоа попладнево ќе се обидат барем да им го отежнат патот на струмичани до 10-тата титула, до која ги делат уште две победи.

Натпреварот ГОК Борец – Струмица Никоб што започнува во терминот од 18:30 часот, а може да го следите во ЖИВО на МРТ3 (овде)

Потсетување дека кај дамите предност од 1:0 во победи има актуелниот шампион Работнички Скопје кој во првиот меч со 3-0 славеше над Јанта Волеј, а вториот натпревар ќе се игра утре од 19 часот во Кисела Вода.