Актуелниот француски првак ПСЖ оствари нова, лесна победа, во Лига 1. Во воведниот натпревар од 21.коло парижаните славеа над последно пласираниот Анже и тоа на гостински терен со 2-1.

Целата работа популарните „светци“ ја завршија уште во првото полувреме, кога по двете одлични додавања на Лионел Меси два гола постигна Килијан Мбапе.

Уште во 9-тата минута, токму по акцијата на Меси кој одлично во празно го проигра Бернат, на вистинското место се најде Мбапе за водство од 1-0.

До својот втор гол на натпреварот, најдобриот стрелец на ПСЖ не чекаше долго. Во 26-минута, брзо изведена контра, Меси нова асистенција, Мбапе повторно „егзекутор“ за 2-0.

Иако во вториот дел гостите имаа неколку можност за трет гол, сепак тоа не се случи, па уследи казна на спротивната страна кога во 87-минута, Сенегалецот, Тиуб намали на 2-1, што беше и конечен резултат на натпреварот.

Со новите три бодови и вкупно 75, ПСЖ сега има предност од 9 бодови во однос на второ пласираниот Марсеј кој утре му гостува на Лион во дуелот на двата Олимпика.

Трето рангираниот тим на Ленс заостанува 12 бода, па реално ПСЖ е се поблиску до новата шампионска титула.