Баерн Минхен може да загуби со 3-0, но никогаш нема да се предаде без борба. Тоа едноставно е во менталитетот на германските екипи. Баварците веруваат дека предноста на Манчестер Сити од „Етихад“ (3-0), во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, може да се надомести во Минхен.
„Ние сме во период на промени, големите играчи си заминаа од клубот, потоа беше сменет и тренерот. Немавме многу време, но Баерн е голем клуб и затоа сите имаме голема одговорност. Се може да се случи, особено кога ќе се погледне првиот натпревар и начинот на кој Сити нè казни. Тимот на Пеп Гвардиола е еден од најдобрите во светот, но ние сме подготвени.
Вратата е секогаш отворена, мора силно да влеземе“, изјави Тухел.
Сеуште неизвесен за натпреварот е Чупо-Мотинг кој се опоравува од повредата на коленото.
„Сè уште не сум одлучил, ќе видиме по тестот како му е коленото. Ако е во ред, тој ќе биде во комбинација за натпреварот.
Тој ни дава сила во офанзивата, би било добро да го имаме во тимот“, беше јасен тренерот на Баерн.
Натпреварот во Минхен започнува во 21 часот, а победникот од двомечот, во полуфиналето ќе игра против европскиот првак Реал Мадрид кој и во реваншот го победи Челзи.