Екипата на Пеп Гвардиола, без разлика на ремито во Минхен (1:1), се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Страстните љубители на фудбалот и воедно фанови на Баерн Минхен на „Алијанц“ арената приредија фантастична атмосфера и до крајот го бодреа својот тим.
Во првото полувреме Манчестер Сити со претпазлива игра се обидуваше да го контролира натпреварот, додека избраниците на Томас Тухел со крајни сили ги притискаа. Во 37-та минута несмасна игра со рака на Упамекано резултираше со пенал за Манчестер Сити. Лошо изведениот пенал беше дело на Ерлинг Халанд, кој го промаши целиот гол на домаќините.
Во последната минута од првиот дел, „гужвата“ пред голот на Едерсон не ја искористија фудбалерите на Баерн да постигнат погодок и со 0:0 заминаа во соблекувалната.
Немоќниот Баерн не успеа да го спречи Ерлинг Халанд да го постигне својот 12 гол во Лигата на Шампионите оваа сезона (во 57-та минута).
Џошуа Кимих постигна надежен погодок од пенал во 83-та минута. Баварците со крајни маки се обидуваа да направат „чудо“ во финишот, но сите нивни амбиции ги заврши Турпан со свиреж за крај на натпреварот.
Во полуфиналето, екипата на Сити ќе ги одмери силите со минатогодишните противници Реал Мадрид, кој вчера триумфираше против Челзи.
Марио Петровски