Дуелот на „Етихад” помеѓу Манчестер Сити и Баерн минатиот вторник не изгледаше на дерби, туку на покажување на надмоќ од страна на четата на Пеп Гвардиола.
Во Баерн по таков дебакал треба да се задоволни што натпреварот заврши само 3-0 во полза на „граѓаните”. Вечерва ќе има нов двобој во кој Баерн ќе се обиде да го направи невозможното, победа со 4 гола, и идеално место за тоа е култниот „Алианц Арена”.
За Томас Тухел ова ќе биде голем предизвик кој знае како да победува против Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, бидејќи токму тој е главниот кривец што Пеп е сеуште без „ушкото” како тренер на Манчестер Сити. Во единственото финале кое го играше Манчестер Сити во 2021 токму од Томас Тухел и Челзи беа спречени да се закитат со епитетот европски шампиони.
Овој пат улогите се сосема поинакви. Пеп и Манчестер Сити итаат кон нова титула во Премиер Лигата, каде заостануваат само 4 бода од лидерот Арсенал, а пак ситуацијата на германскиот тренер е сосема друга. Тухел за време на националната пауза го презема Баерн и досега неможе баш да се пофали со резултати и хармонија во соблекувалната пред фановите на баварскиот гигант. Пред само една недела по натпревар со Сити во соблекувалната на Баерн избил конфликт меѓу Садио Мане и Лерој Сане, по кој на Камерунецот му беше изречена и казна. Резултатите не се сјајни Баерн испадна од купот од Фрајбург, а ритамот во Бундеслигата го немаат цела сезона.
Двата тима имаат многу што да загубат на овој двомеч.
За Пеп и Сити ова ќе биде шанса да се докажат дека не се сериски потфрлувачи, епитет кој досега заслужено го стекнаа на европската сцена. Томас Тухел има исто толку голем влог, од една страна да докаже на својот поранешен клуб Челзи дека без причина беше избркан и дека може да се справи со притисокот кој моментално владее во Минхен.
Дали ова ќе биде токму тој натпревар кој што му е потребен на Баерн за целосен пресврт и добивање на сила до крајот на сезоната или Пеп и неговата чета ќе чекорат кон ново полуфинале во најголемото европско натпреварување и ќе се надеваат да не потфрлат како и другите години ќе дознаеме утревечер по натпреварот што се игра од 21 часот.
Андреј Вељаноски