Екипите на Филаделфија и Сакраменто поведоа со 2:0 во четвртфиналните конференциски натпревари со Бруклин и Голден Стејт од плејофот на НБА лигата.

Тајрис Макси постигна 33 поени во победата на Филаделфија над Бруклин со 96-84, натпревар на кој за домашниот тим Џоел Ембид и Тобијас Харис остварија дабл-дабл.
Кандидатот за МВП, Ембид средбата ја заврши со 20 поени, 19 скока и 7 асистенции, додека Харис на 20-те поени придодаде и 12 скокови.

И Сакраменто беше подобар од шампионот Голден Стејт. „Кингси“ сега славеа со 114-106, натпревар во кој Дирон Фокс со 24 поени и 9 асистенции, заедно со Домантас Сабонис кој исто така постигна 24 поени, а имаше и 9 скока, беа најзабележителните играчи на победничката екипа.

Кај шампион, Стеф Кари постигна 28, Ендрју Вигинс 22, а Клеј Томпсон 21 поен.

Натпреварот го одбележа неспортското однесување на Дрејмонд Грин кој на 7.минути пред крајот беше исклучен од игра поради намерно газење на противничкиот играч Сабонис.

Сериите подобар до четири победи сега се селат во Њујорк и Сан Франциско.