Италијанскиот претставник во Конференциската лига, тимот на Фиорентина уште еднаш покажа дека е најсериозен кандидат да го освои трофејот оваа година.

Гостите од Фиренца на гостински терен со убедливи 1-4 го совладаа Лех Познен и со една нога се пласираа во полуфиналето.

Уште во четвртата минута Артур Кабрал од одбиена топка донесе предност и ја најави голеадата на својот тим.
Домаќините во 20-тата минута се вратија во натпреварот и изедначија на 1-1, но тоа беше се што видовме од нив на вечерашниот натпревар.

Пред крајот на полувремето во 41-та минута Николас Гонзалез повторно го матираше домашниот голман па Фиорентина со 1-2 замина на полувреме.

Гостите од Италија беа поконкретни и доминанти и во вториот дел, па со блиц-крик од 58 до 63-тата минута два пати ја затресоа противничката мрежа. Најпрвин Боанвентура погоди за 1-3, за да Џонатан Икон ги постави конечните 1-4.