Највозбудливиот дуел во четвртфиналето на Лига Европа ќе се одигра вечерва на „Олд Трафорд “, каде екипата на Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го совлада најтрофејниот тим во ова натпреварување, Севиља.
На прес-конференцијата, тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг го откри начинот на игра со кој „црвените ѓаволи“ вечерва ќе излезат на теренот.
„Сакаме да играме динамично и да го изненадиме противникот. Да направиме тешко да ни ја прочитаат нашата игра.
Ние се браниме со 11 , но и напаѓаме со 11. Па, работиме на тоа секој ден и секој натпревар, за да ја подобриме нашата игра“,
вели Ерик тен Хаг, тренерот на Манчестер Јунајтед.
Холанѓанецот нема да може да смета на својот најдобар стрелец оваа сезона Маркус Рашфорд, кој се повреди на гостувањето во Ливерпул против Евертон, но по три неодиграни кола, на теренот се враќа клучниот играч во средниот ред, Касемиро.
Средбата на „Олд Трафорд“ започнува во 21 часот.
Марио Петровски