Откако во саботата во Скопје, беа поразени со два гола разлика, денеска нашите најдобри ракометарки беа убедливо надиграни од Украина со што се збогуваа со можноста да играат на Мундијалот.

Во реванш дуелот од баражот за пласман на Светското првенство, и тоа одигран на неутрален терен во Унгарија, македонските ракометарки загубија од Украина со 31-22 .

По двете водства на почетокот (1-0 и 2-1), Украинките брзо ја презедоа контролата на играта и резултатот, за во седмата минута веќе да имаат +3. Никако нашите ракометарки не може да се снајдат на агресивната игра на Украинките, па во период кога тие имаа 4.минути ракометарка помалку наместо да ја намалиме негативата, противникот за зголеми и во 20-тата минута имаше и седум голови предност 16-9. До крајот на полувремето 24-12.

Иако се надевавме дека можеби како и во Скопје ќе одиграат многу подобро во вториот дел, сепак, сега тоа не се случи па Украинките на крајот славеа со убедливи 9 гола разлика.

Во нашата репрезентација единствени кои имаа решение во нападот беа Леонида Гичевска која постигна 9, а Сара Ристовска 5 голови.