Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром и Вардар ќе играат мајсторка за пласман во полуфиналето од плејофот.

Ова е епилогот по денеска одиграниот втор натпревар на овие два тима во четвртфиналната рунда. Откако првиот го доби МЗТ во „Кале“, попладнево вардарки возвратија во „Јане Сандански“.

Предводени од најискусната своја кошаркарка Славица Наков и нејзините 26 поени, на кои  Деловска додаде 15, а Џангаровска уште 10 поени, екипата на Вардар славеше триумф со 71:53, со што го израмнија резултатот на 1-1 во победи.

Мајсторката во малата сала „Кале“ ќе речи кој од овие два тима ќе игра во полуфиналето и ќе биде противник на Баскет Кам.

Во првата полуфинална пресметка ќе играат Бадел и Струга.