Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ќе имаат шанса да го браната трофејот во Купот на Македонија освоен минатата година.

Ова откако „лавовите“ од Ѓорче во полуфиналето ја елиминираа тетовска Шкендија и тоа по подоброто изведување на пенали.

Ѓорчепетровци беа оние кои го отворија резултатот и уште во 12-тата минута со голот на Есми Личина. Овој резултат беше актуелен со до 65-тата минута кога Ералдо Чинари израмни на 1-1, резултат кој остана до крајот на мечот, по што се изведуваа пеналите.

А, во пенал „рулетот“ повеќе среќа, но и нерви имаат гостите па на крајот сосема заслужено се радуваа на победата и на пласманот во новото финале.

Во него за противник ќе ја имаат екипата на Струга ТЛ која минимално славеше на Силекс во полуфиналниот дуел.