Екипата на Струга Трим Лум е првата штоп се пласира во финалето на фудбалскиот куп на Македонија.

Стружани пред своите симпатизери минимално со 1-0 го победија минатогодишниот финалист тимот на Силекс и за прв пат во историјата се пласираа во финалето на ова натпреварување.

Домашните фудбалери имаа повеќе од играта создадоа неколку изгледни можности за гол, а тоа се случи дури во 64-тата минута кога по корнерот од левата страна најдобро во шестнаесетникот на кратовци се снајде Незири кој и донесе предност на Струга од 1-0, што подоцна се покажа како конечен резултат на овој натпревар.

Стружани сега го чекаат исходот под второто полуфинале што се игра во Тетово, каде Шкендија и Македонија Ѓ.П. ќе решаваат на пенали.