Српскиот репрезентативец, го оствари 29-тиот трипл-дабл сезонава во победа, во синоќешниот триумф на Денвер против Филаделфија со  116-111. Иако се очекуваше тоа да биде дуел на двајцата најголеми претенденти за признанието МВП, сепак на спротивната страна, поради повреда, го немаше Џоел Ембид, па Јокиќ лесно се справуваше со противничките играчи и средбата ја заврши со 25 поени, 17 скока и 12 асистенции.

Денвер е убедливо прв во Западната конференција во која досега место во плејофот има обезбедено само уште тимот на Мемфис, додека на истокот, досега четири тима (Милвоки, Бостон, Филаделфија и Кливленд) се сигурни во разигрувањето. 

Затоа пак голема битка ќе водат останатите тимови, меѓу нив Оклахома, ЛА Лејкерс и Далас, екипи кои имаат ист „скор“, откако „Маверикси“, предводени од Лука Дончиќ и неговите 25 поени, 7 скокови и 6 асистенции славеа  победа над Индијана со 127-104.