Лука Дончиќ поминува низ тежок период во животот а и самиот пред неколку дена на прес конференција нагласи дека кошарката не му е на прво место затоа што има приватни проблеми.

Сепак Словенецот не ја изгубил магијата и покрај приватните проблеми.

Синоќа го предводеше Далас до важна победа над Индијана за прекин на лошата серија резултати.

А освен што беше најефикасен со 25 поени и додаде седум скока и 6 асистенции, Лука Дончиќ го имаше и потегот на вечерта, а веројатно и асистенцијата на сезоната.

Далас води голема битка за влез во разигрувањето, а повеќе од потребене ќе им биде Лука Дончиќ во полн сјај.