Она што повеќе време се шпекулираше, синоќа доцна во ноќта се претвори во вистина, Тотенхем го отпушти Анотнио Конте.
Односите помеѓу Италијанскиот стратег и челниците на тимот од Лондон во последно време беа доста нарушени откако Конте не ги доби бараните засилувања во зимскиот преоден рок, а по лошиот натпревар против Саутемптон и јавно ги критикуваше дел од играчите и нивниот пристап.Договорот на Конте истекува кон крајот на Јуни, а тоа значи дека Тотенхем ќе му исплати отштета од 4 милиони фунти за порано прекинување на истиот.

Синоќа од таборот на Тотенхем кратко се огласија за прекинот на соработка и му се заблагодарија на италијанскиот стратег за постигнатото:

Антонио Конте го напушти клубот со заедничка согласност. Му благодариме на Антонио за неговиот придонес и му посакуваме се најдобро во иднина, соопшти премиерлигашот од Лондон.

Кристијан Стелини е назначен како временско решение до крајот на сезоната, а медиумите во Англија и Германија шпекулираат дека Тотенхем преговара со сега веќе поранешниот тренер на Баерн, Нагелсман