Англискиот фудбал не зависно дали е Премиер лигата или ФА купот се следи со големо влијание. Така и секој потег е будно следен. Последниот викенд донесе многу возбудувања на дуелот на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер Јунјтед и Фулам.

Трите црвени картони можеби и го одлучија дуелот. Фудбалерот на Фулам Митровиќ го бутна судијата Каванаг и оправдано доби црвен картон.

Но, пред неколку дена во моментите на убедливото водство на Ливерпул против Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш играчот на Манчестер Јунајтед го бутна помошникот, но мина без казна.

Дали некои играчи се заштитени, а некои (како Митровиќ во случајот) не ?

Социјалните мрежи веќе на големо пишуваат за два случаја.