Екипата на Јувентус го доби дербито со Интер во рамките до 29.коло на италијанската Серија А.

На натпреварот одигран во Милано, екипата на Јувентус до минималната победа од 1-0 стигна со голот на српскиот интернационалец Филип Костиќ во 27-минута, по акцијата на Рабиот.

Домаќините бараа игра со рака од францускиот репрезентативец, а по долго прегледување на ВАР снимката судиите сепак се решија да го признаа голот, иако одлично се гледа дека фудбалерот на Јуве направи предност играчки не прописно.

Иако во вториот дел домаќините се обидуваа да стигнат до израмнување сепак, до тоа не дојде, па Интер го претрпе третиот пораз на последните четири натпревари.

Со тоа, Интер ја загуби втората позиција на табелата на која сега е Лацио кој во градското дерби ја совлада Рома, па сега има два бода повеќе од Интер.

Јувентус но новите бодови и вкупно 41 се проби на седмото место на табелата, со четири бодови помалку од Аталанта која е на шестата позиција, последна што води на европската сцена.