Барселона го совлада Реал Мадрид по трет пат сезонава. Во популарното „Ел Класико“ играно на „Камп Ноу“, а во рамките од 26.коло на Ла Лига, Барселона го победи Реал со 2-1 со гол во судиското продолжение.

Гостите од Мадрид среќно стигнаа до водство и тоа уште во деветтата минута. По акцијата на Бразилецот, Араухо од левата страна и неговиот центаршут, Уругваецот, Араухо во обид да ја исфрли топката со глава, го изненади Терштеген и топката заврши во мрежата на Барселона

Сепак. Барса не се поколеба, продолжи со нападите, а по бројните шанси и одлични интервенции на Куртоа, конечно во 44-минута Серхио Роберто успеа да го совлада гостинскиот голман и да израмни на 1-1.

Во второто полувреме, двата тима играа отворено, напаѓаа создаваа шанси, но мрежите мируваа се до 81-минута, кога Асенсио постигна гол, но, беше поништен поради офсајд.

Реал се обидуваше да дојде до втор гол, пропушти неколку шанси, за во втората минута од судиското дополнение Френк Кеси по асистенцијата на Балде, да го совлада Куртоа и да и донесе голема победа на Барса, веројатно вредна и шампионски трофеј.

Сега Барса има 12 бодови повеќе од лутиот Ривал со кој веќе на 5 април ќе играат нов меч, повторно на „Камп Ноу“, но овој реванш полуфинален во Копа дел Реј.