Со одигрувањето на денешните натпревари од четвртфиналните групи познати се финалистите во оваа фаза од натпреварувањо од Купот на Македонија. Без изненадувања минаа натпреварите од оваа фаза, но затоа утрешните финални дуели од групите треба да донесат поголеми возбудувања.

Резултати по групи:

Група 1: Чаир – ЖРК Ѓорче Петров 30:35 и ЖРК Скопје – Спартак 25:27. Финале – ЖРК Ѓорче Петров – Спартак.

Група 2: ЖРК Вардар – ЖРК Шампион 32:18 и Деспина – Кузман Вардар 35:16. Финале – ЖРК Вардар – Деспина.

Група 3: ЖРК Стружанка – ЖРК Астибо 27:19 и Овче Поле Су – ЖРК Металург 25:31. Финале – Стружанка – ЖРК Металург.

Група 4: ЖРК Пелистер – ЖРК Гевгелија 26:17 и Куманово слободен. Финале- ЖРК Пелистер – Куманово.

Победничките екипи од групите ќе обезбедат пласман на завршниот турнир од Купот на Македонија што ќе се игра на 14 и 15.мај.