Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, на денешната средба со медиумите го соопшти списокот на фудбалери за дуелот со Малта, на стартот на евро-квалификациите.

Милевски смета дека нашата селекција е далеку поквалитетна од противникот, но дека тоа ќе мора да го докажеме на теренот.

„Поквалитетни сме индивидуално и како тим, но треба тоа да го докажеме на терен. Ме радува што се очекува од нас победа ќе дадеме се од себе квалификациите да ги почнеме со добар резултат. Малта покажа дека е квалитетен, но Македонија покажа дека има потенцијал да се носи и со далеку подобри репрезентации“, изјави Милевски.

Што се однесува до изборот на фудбалери за овој натпревар селекторот додаде

„Факт е дека одреден број на играчи, особено оние кои ни се носители, немаат голема минутажа, а да не зборуваме за натпреварувачка форма. Изборот е тој, играчите се тие, немаме голем избор“.

Првата прозивка на повиканите, Милевски ќе ја направи на 19 март, а дуелот со Малта што ќе с еигра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, е закажан за 23 март.