По последната секунда од натпреварот помеѓу Партизан и ЦрвенаЗвезда, кој им припадна на црно-белите 92:81, на средината на теренот имаше голема гужва.

Францускиот интернационалец Матијас Лесор повторно беше во центарот на вниманието.

Кошаркарот на Партизан, кој претходно по еден контакт дуел со Филип Петрушев ги загуби нервите, реши на крајот физички да се пресмета со центарот на црвено-белите. Петрушев остана смирен, а среќа брзо реагираа и соиграчите на двете екипи кои успеаја да го задржат Лесор и да го пратат на клупата за да не предизвика сериозен инцидент.

Сепак, на крајот на мечот Французинот искористи шанса, која немаше никој да околу него, па Лесор повторно се обиде, а овојпат успеа да го закачи Петрушев.

Сите присутни брзо реагираа, па беше спречен и поголем инцидент.

Во продолжение видете ги двата моменти.

ПРВИОТ ОБИД НА ЛЕСОТ СОИГРАЧИТЕ ГО СПРЕЧИЈА
ЛЕСОР СЕПАК УСПЕА ДА ГО ЗКАЧИ ПЕТРУШЕВ