Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, вечерва го игра првиот натпревар проти Португалија во квалификациите за на ЕП 2024 година во Германија.

Селекторот Кире Лазаров ги одбра ракометарите на кои ќе треба да му се спротивстават на фаворизираниот противник на вечерашната средба.

Во тимот ги нема Ален Ќосевски, Марко Кизиќ, Михаил Аларов и Михајло Младеновиќ, но затоа шанса ќе добијат Цветан Кузманоски, Марко Митев и Марко Мишевски ракометарите кои не беа на Светското првенство, како и Мартин Велковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.