Предводникот на ,,Росонерите”, Стефано Пиоли во пресрет на реванш натпрeварот вечерва во суперлативи зборуваше за противникот истакнувајќи ги квалитетите кои ги поседува Тотенхем.
Сепак меѓу другото нагласи дека Милан е подготвен за овој натпревар и доколку ја повторат играта од првиот натпревар, имаат одлични шанси да се радуваат на пласман понатаму.
„Средбата во Лондон ќе биде дуел на карактерот, мора да воспоставиме контрола. Тие се навистина опасни во офанзивата, ќе играат со висок интензитет од стартот. Мораме да се подготвиме да го контролираме мечот, имаме многу мала предност, но и натаму ни се потребни голови. Очекуваме Тотенхем да биде поагресивен од Милан. Тие ќе држат посед и ќе се обидат да се наметнат. Ние од друга страна мора да го повториме мечот од Милано, на „жежок“ терен“, изјави Пиоли.
Голем плус за „Росонерите“ во овој меч ќе биде тоа што на нивниот гол ќе биде голманот Мајк Мaњон кој поради повреда го пропушти првиот натпревар.
Што се однесува до останатите играчи, сите се во добра кондиција и се очекува Милан со најсилниот состав да истрча нa теренот и да се обиде да ја одбрани предноста од 1-0 од првиот натпревар и по пауза од 12 години повторно да се пласираат помеѓу најдобрите 8 екипи во Лигата на Шампионите.