Бенфика е на чекор до пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако на првиот меч на нагости кај Клуб Бриж славеше со 2-0.
Но, германскиот стратег на кормилото на португалскиот тим Роџер Шмит смета дека за пласман во следната фаза им треба уште еден одличен натпревар.
„Од Бриж очекувам да даде се од себе и да ни ја отежни работата. Ситуацијата е јасна, победивме на првата средба, па за пласман тие мораат да постигнат најмалку два гола. Јасно е дека тие ќе играат напаѓачки. Очекувам тежок натпревар бидејќи имаат доста индивидуален квалитет. Мораме да бидеме подготвени и организирани исто како што бевме во Бриж. Тоа беше клучниот фактор за нашата победа. Спремни сме за интензивен натпревар каде што ќе покажеме одличен фудбал и ќе се пласираме во четврт финалето на Лигата на Шампионите“, вели Шмит.
Реваншот меѓу Бенфика и Клуб Бриж, се игра вечерва во Лисабон од 21 часот.