По поразот на гости во Дортмунд со 1-0, во екипата на Челзи веруваат дека може да го елиминираат тимот во осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.

Пред реваншот во Лондон, стратегот на Челзи, Грем Потер се изјасни дека ќе дадат се од себе за да поминат понатаму.

„Ова е важен натпревар, против силна екипа. Ние сакаме да победиме и да одиме во следната фаза. Сигурен сум дека на „Стенфорд Бриџ“ ќе има одлична атмосфера. Навивачите ја знаат важноста на овој натпревар. Знаат дека треба да им отежнат на гостите. Тие се во фантастична форма. Само погледнете ги нивните резултати во Бундеслигата. Годинава имаат 10 победи во низа. Тоа ви укажува дека ќе биде тежок натпревар и добар предизвик за нас“, изјави тренерот на Челзи, Потер.

Натпреварот меѓу Челзи и Борусија Дортмунд што ќе се игра на „Стенфорд Бриџ“во 21 часот, вечерва ќе даде еден од двајцата патници во четвртфиналето на Лигата на Шампионите.