Екипите на ТФТ Моцарт и битолски Пелистер се во Широки Бријег, каде во наредните денови ќе се одржи последниот турнир во АБА 2 лигата, по што ќе бидат познати осумте екипи што ќе разигруваат во плејофот.

Пелистерци во моментот се на 7-та позиција со 6 победи и 4 порази, колку што имаат и Подгорица на 6-тото, односно Широки и Слога на 8-та и 9-тата позиција.

ТФТ Моцарт е веднаш зад нив, но заостанува три победи, па затоа задачата на тимот преводен од Боро Смилковски ќе има тешка задача, не само да ги добие сите три средби, туку да чека и „кикс“ на конкурентите за местата што водат во плејофот.

На овој турнир ќе бидат одиграни по три натпревари, а први на теренот, од македонските екипи, ќе излезат кошаркарите на ТФТ Моцарт кои денеска од 15 часот го играат натпреварот против хрватската Горица.

11 КОЛО

Понеделник, ТФТ МОЦАРТ ГОРИЦА 15:00 ч.
Вторник, ПЕЛИСТЕР КРКА 21:00 ч.

12. КОЛО

Среда, ТФТ МОЦАРТ БОРАЦ 21:00 ч.
Четврток, ПЕЛИСТЕР СЛОГА 15:00 ч.

13. КОЛО

Сабота, ТФТ МОЦАРТ ХЕЛИОС САНС 12:00 ч.
Сабота, ПЕЛИСТЕР ПОДГОРИЦА 15:00 ч.