Македонската атлетичарка Дрита Ислами го заврши својот настап на Европското првенство во атлетика во сала што се одржува во Истанбул. Таа претпладнево во квалификациите на 400 метри во групата 1 постигна време од 55.86 секунди што е за две стотинки послабо од нејзиниот најдобар резултат постигнат годинава – 55.84. Ова е втор најдобар резултат за Ислами истрчан во сала.

Таа го освои петтото место во групата и беше побрза само од Дуња Вињалс од Андора, додека победничка на групата беше Лада Вондрова од Чешка. Во конкуренција на 27 натпреварувачки во оваа дисциплина Дрита Ислами заврши на 25.то место.

На шампионатот утре (8 часот старт) ќе настапи и Дарио Ивановски во трката на 3.000 метри.