Прокоцкавме многу шанси, …
По поразот од Мотор Запорожје што значеше и крај за Еурофарм Пелистер на европската ракометна сцена сезонава, пивотменот на битолскиот клуб со апел, да останеме сите заедно, ни треба поддршка, во она што претстои, накратко е изјавата на Жарко Пешевски што може да ја видите подолу.
Битолчани загубија на домашен терен од Мотор со 27:25.
„Направивме многу технички грешки за еден ваков натпревар. Влеговме мотивирани, но грешевме во клучните моменти. Прокоцкавме многу шанси и треба да се освестиме и да продолжиме во следните предизвици, кои не очекуваат“, изјави на прес конференцијата Пешевски.
За Еурофарм Пелистер кој беше единствениот македонски претставник во Лига Европа вечерашниот дуел против Мотор беше последен сезонава во еврокупот.