Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела ја очекува настап на фјучрс турнирот во Астана, кој се игра за награден фонд од 40.000 американски долари. Ѓорческа која оваа година стартуваше со одлични настапи на турнирите во Талин се враќа на теренот и на турнирите. Таа во Талин одигра два турнира со санграден фонд од 40.000 долари и на првиот беше финалистка, а на вториот загуби во четвртфиналето.

Ѓорческа во Астана во првото коло ќе игра против домашната тенисерка Ана Данилина од Казакстан. Противничката се наоѓа на 539.место на ранг листата на ВТА, додека Ѓорческа има ранг – 223.место. Победничката од овој меч во следната рунда ќе игра со поуспешната од мечот меѓу првата носителка Мојука Ушиџима (Јапонија, прва носителка) и Ирина Шиманович (Белорусија). Нашата тенисерка е пријавена и следната недела на турнир во Астана со награден фонд од 60.000 долари.

Инаку, Скопје и Македонија и оваа година ќе бидат организатори на мечевите од Третата Европска зона на Били Џин Кинг купот (порашенен Фед куп). Настанот ќе се одржува на терените на ТК Југ, а ќе се игра од 3 до 9.јули.