Ракометарите на Вардар ги дели само уште еден триумф да го заверат првото место во групата од СЕХА лигата, а тоа „црвено-црните“ ќе бараат на гостувањето во Белград кај Партизан.

Вардарци во моментов се првопласиран на табелата во Б групата, пред Татран Прешов и Партизан, а со победа во Белград сигурно ќе останат на лидерското место.

Од пласманот во Б групата на екипите потоа ќе зависи и кој ќе биде противникот на Вардар во четврт-финалето на СЕХА-Газпром лигата. Првопласираниот од група Б ќе игра со вториот од Група А, а второпласираниот од Група Б со првопласираниот од Група А. Третопласираните од групите за ривали ќе ги добијат екипите на Веспрем и на ППД Загреб.

Во првиот меѓусебен дуел сезонава на Вардар победи со пет гола разлика 31-26, но тоа не треба да не залаже сметаат во таборот на црвено-црните.

„Имавме сериозни анализи за овој меч, и секако сакаме да победиме во Белград. Треба да бидеме подобри во одбраната. Минатиот пат токму одбраната ни беше проблем. Формата сега ни е на подобро ниво, и поподготвени сме во однос на првиот меч. Можно е Партизан да игра и нешто поразлично, но секако ќе бидеме подготвени за се“, вели Ален Ќосевски.

Дуелот меѓу Партизан и Вардар што ќе се игра во во СЦ „Вождовац“. ќе започне од 18 часот.