Во Првата македонска фудбалска лига денеска на програмата беа четири натпревари од 20.коло.
Дербито се одигра во Кратово, каде Силекс го пречека актуелниот шампион Шкупи.
Кратовци одиграа одличен меч особено во првото полувреме во кое создадоа два гола предност.
Уште во 4-тата минута со прекрасниот гол на Стефан Милосављевиќ од слободен удар Силекс поведе со 1-0, а по брзата контра во 32-минута преку Марко Ѓорѓиевски веќе поведоа со 2-0.

Во вториот дел гостите од Чаир тргнаа агресивно, и тоа донесе резултат веќе во 57-,инута, кога со голот на Мамаду намалија на 1-2.
Силекс потпушти две добри шанси за трет гол…..

Со оваа победа Силекс се проби на ___ место на табелата со___, додека Шкупи пропушти шанса да избие на првата позиција, и остана на два бода помалку од лидерот Струга Трим Лум кој вчера одигра 0-0 со Македонија Ѓ.П.

Комплетни резултати од 20.коло во ПМФЛ:
СИЛЕКС – ШКУПИ 2-1
ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 1-0
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 0-1
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 0-0
СТРУГА Т.Л. – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
Слободна во ова коло беше екипата на Академија Пандев