Шампионот на Серија А, Милан фати одличен ритам и врза три победи во низа.
На ,,Сан Сиро” Милан ја пречека Аталанта и со сигурни 2-0, запиша три бода.

Несреќниот Хуан Мусо лошо реагираше на нафрлена топка и ја затресе сопствена мрежа за водство на Милан од 1-0.
Милан целосно доминираше во првиот дел, дури седум пати се закани кон голот на противникот но резултатот по првите 45 минути остана 1-0.

Аталанта се консолидира во вториот дел и почна да игра подобар фудбал. Меѓутоа избраниците на Гасперини никако не можеа да го најдат патот до противничкиот гол.

Откако Аталанта не успеа да дојде до изедначување, Милан преку Месиас во 84-тата минута дојде до сигурни 2-0 и нови три бода.

На вечерашниот натпревар кам бек на терените имаше Златан Ибрахимовиќ кој се врати по неколку месечна пауза.

Со оваа победа Милан се изедначи со Интер на втората позиција со по 47 бода.