По едно дерби натпревар во двете конкуренции, машка и женска, носи четвртото коло во одбојкарското првенство на Македонија.

Кај дамите Работнички Скопје и Јанта волеј ќе се сретнат во реприза на ланските финални соочувања во првенството и во купот. Бранителките на двојната круна, одбојкарките на Работнички Скопје, во натпреварот ќе влезат со помал товар затоа што досега остварија две победи повеќе.

Во машка конкуренција, второ пласираната Шкендија ќе го пречека трето рангираниот ГОК Борец со надеж да направи уште поголема разлика во однос на ривалот, а со тоа да ги отстрани дилемите во трката за второто место. Тетовскиот клуб има идентични 12 триумфи со водечкиот тим на Струмица Никоб, а два плус во однос на ГОК Борец.

Петдневната одбојкарска програма ќе биде отворена денеска со дуелот во конкуренцијата за опстанок, во која лидерот на табелата Штип УГД ја пречекува екипата на Сушево

ПРВА ЛИГА (МАЖИ),
ВТОРА ФАЗА-1, (4.КОЛО)

Струмица Никоб – Лирија (сабота, 13.00)
Шкендија – ГОК Борец (сабота, 18.00)
Работнички 47&22 – Весна Пробиштип (сабота, 20.30)

Табела: Струмица Никоб 12-1, Шкендија 12-1, ГОК Борец 10-3, Лирија 7-6, Работнички 7-6, Весна Пробиштип 6-7.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ),
ВТОРА ФАЗА-2, (4.КОЛО)

Штип УГД – Сушево 1978 (петок, 20.00)
Универзитет во Тетово – Петровец (сабота, 20.00)
*Слободна е екипата на Македонија Џио

Табела: Штип УГД 5-7, Универзитет во Тетово 5-7, Сушево 3-9, Петровец 2-11, Македонија Џио 1-12.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ),
ВТОРА ФАЗА-1, (2.КОЛО)

Фит фан волеј – Наковски волеј (сабота, 14.00)
Работнички Скопје – Јанта волеј (понеделник, 17.25, МРТ-3)

Табела: Работнички Скопје 14-1, Јанта волеј КВ 12-3, Наковски волеј 11-4, Фит фан волеј 7-8.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ),
ВТОРА ФАЗА-2, (2.КОЛО)

Вардар ЕМ – Вардар жени (сабота, 14.45)
Македонија Макс – Струмица жени (вторник, 20.00)

Табела: Вардар жени 6-9, Струмица жени 5-10, Вардар ЕМ 5-10, Македонија Макс 0-15.