ЛИВЕРПУЛ – РЕАЛ и АЈНТРАХТ ФРАНФУРТ – НАПОЛИ

Минатата недела уживавме во супер интересни пресметки во кој освен Бенфика никој друг нема осетна предност и буквално се ќе се решава во реванш натпреварите. Ништо поинаку не не очекуваме ниту вечерва, напротив и двата дуели сами по себе предвидуваат супер фудбал во кој ќе уживаат сите фудбалски фанатици.

Во реприза на ланското финале, Ливерпул на ,,Енфилд” ќе го пречека Реал Мадрид. ,,Црвените’’ на Јирген Клоп фатија добар ритам и со две победи во низа го поправија лошиот впечаток кои го оставија оваа сезона па дополнително мотивирани и желни да се одмаздат за болниот пораз во финалето, вечерва ќе истрчаат на мегдан на актуелниот шампион и бранител на титулата во најелитното клупско натпреварување, Лигата на Шампионите, Реал Мадрид.
,,Кралевите’’ исто пребродија лош период од сезоната, па со титулата на Светското Клупско Првенство и двете победи во Примера играат многу подобро што само потврдува дека не очекува одличен натпревар.

Во другиот осминафинален пар за вечерва ќе се сретнат, шестопласираниот во германското првенство, тимот на Ајтрахт Франкфурт и лидерот на табелата во Италијанската Серија А, Наполи на нашиот Елиф Елмас.
Ајнтрахт настапува со променлива форма. Избраниците на Австриецотm Оливер Гласнер, на последните пет средби три пати победија и по еднаш изгубија и ремизираа.
Од другата страна, гостите од Неапол се веројатно нај константната екипа оваа сезона во топ 5 лигите во Европа, а во италијанската Серија А се буквално неприкосновени, со 20 победи, две нерешени средби и само еден пораз.
Нашиот Елиф Елмас има солидна минутажа оваа сезона и секако за нас ќе биде во центарот на вниманието на овој натпревар.
И двата тима играат супер офанзивен фудбал, што е дополнителен плус за оние љубители на фудбалот кои ќе се одлучат да го гледаат овој двобој.

Натпреварите започнуваа во 21:00 часот