Ракометарите на Еурофарм Пелистер очекувано претрпеа пораз на гостување во Берлин, кај Фуксе во меч од 9.коло на Д групата во ЕХФ Европската лига.
Пелистерци добро го започнаа натпреварот и во 4.минута имаа и два гола предност (4-2). Но, тогаш Германците „уфрлија во поголема брзина“ па со серија 4-0 тие дојдоа до два предност (6-4). Оттогаш фаворитот постојано го контролираше резултатот и рутинирано ја зголемуваше предноста, за на крајот да го добие мечот со конечни 34-25 полувреме 18-12.
Во редовите на македонскиот вице-првак по пет гола постигнаа Костески, Кисум и Василев, додека четири придодаде Суси.
Пелистер остана на 4.место на табелата, но сега со само бод повеќе од Мотор Запорожје кој славеше над Бидасоа со 33-31, па шпанската екипа исто така остана на третата позиција со бод повеќе од нашиот тим.
Така натпреварот од последното 10.коло, меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор Запорожје што ќе се игра во Битола следниот вторник ќе решава за конечниот пласман и тоа кој ќе им се приклучи на Фуксе и Архус во разигрувањето односно 1-16-финалето.