Македонските атлетичари на меѓународен митинг во Дубаи

Македонските спортисти-атлетичари Елена Давитковска и Гоце Миновски, предводени од селекторот Крсто Серафимовски од 22 февруари до 02 март 2023 година ќе учествуваат на 14. ФАЗА меѓународен Гранд При во атлетика во Дубаи.

Благодарение на одличната соработка на нашиот Параолимписки комитет со Клубот на лицата со инвалидност од Дубаи, а со голема помош од господин Маан Махмалат, обезбедивме престојот на нашата делегација да биде гратис, односно на трошок на Локалниот организациски комитет од Дубаи, за што искрено им се заблагодаруваме.

На покана на претседателот Тхаин Јума Бегегард (Thani Juma Berregad) од клубот од Дубаи, со спортистите патуваат и претседателот и генералниот секретар на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, кои ќе остварат билатерална средба со претставниците на „Dubai Club for te People with Determination“ на тема натамошна соработка и размена на спортисти и тренери меѓу двете спортски организации.

На овој натпревар ќе биде извршена и меѓународна класификација на нашиот спортист Гоце Миновски, кој во придружба на претседателот Јовановски во улога на Тим лидер, на 25.02.2023 година конечно ќе се стекне со меѓународна класификација, која требаше да се случи 2020 година, меѓутоа пандемијата со Ковид-19 и одложување на натпреварите годиниве си го сторија своето. Како и да е, им посакуваме успешен настап на нашите спортисти.