Вардаровите таленти со неколку индивидуални признанија се вратија од Будимпешта.
Пионерите на Вардар изминатиот период беа во Будимпешта, каде собираа меѓународно искуство во натпреварите од Европската младинска кошаркарска лига ЕИБЛ.

Вардаровата селекција до 14 години настапи во силна конкуренција, во која остри една победа и тоа на стартот против екипата на Алфа Сибиу со 63:62.

На останатите три натпревари црвено-црните беа поразени од, Узгород 40:63, романската ЦСМ Орадеа 55:69 и тимот на Хелиос Домжале 56:88 од Словенија.

Сепак искуството стекнато на овие меѓународни натпревари секако е добредојдено за младите вардарци кои можат да се пофалат и со неколку индивидуални признанија од овој турнир.

Павел Гиновски беше најдобриот стрелец на турнирот со просек од 29.5 поени по натпревар, а беше избран во најдобрата петорка на турнирот.

Лука Андрејевски пак кој беше најдобар играч на екипата на овој турнирот, е најдобриот скокач и блокер со просек 8 скока и 4 блокади по натпревар.