Од денеска до 5 март во словенечкиот ски-центар Планица ќе се одржув 47-то издание на Светско апрвенство во нордиско скијање 2023.

Нашиот тим на скијачи е во одлична форма и целосно подготвен за настап на претстојното кое се одржува на прекрасната алпска долина Планица во Словенија.

Сара Јосимовска и Матеја Трајковска ќе учествуваат на квалификациската трка 5.км во слободен стил, додека пак, Благоја Најденоски и Давид Торевски на квалификациите 10.км во слободен стил.

На Ана Цветановска ѝ претстојат настапи на 1.4.км класичен стил, 10.км слободен стил, скијатлон 15.км (7.5.км F/7.5.км C), а заедно со Матеја Трајковска ќе ги одмерат силите во категорија тим спринт.

Ставре Јада ќе заземе учество на 1.4.км класичен стил, 15.км слободен стил, додека, настапот во тим спринт е во друштво на Дарко Дамјановски.
Овогодинешните настапи на Дарко Дамјановски ќе бидат на 1.4.км спринт и 15.км слободен стил.

Им посакуваме одлични резултати и голем успех на нашите претставници, предводени од тренерот Борче Јовановски.