Големи проблеми за францускиот првак Пари Сен Жермен во продолжението од сезоната не само во Лига 1 туку пред се во Лигата на шампионите.

ПСЖ со судни маки го совлада Лил со 4:3, меч на кој Мбапе постигна два, а по еден гол Нејмаи и Меси (победничкиот).

Но, бразилскиот ас Нејмар, го заврши мечот во 50-тата минута. Тој заработи повреда на десниот скочен зглб поради што на носилки го напушти теренот.

Првичната информација вели дека повредата не е нималку наивна и дека Нејмар го чека подолга пауза, а тој речиси сигурно нема да настапи на реванш натпреварот против Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите.

,