Актуелниот бранител на трофејот, екипата на ТФТ Моцарт е последниот четврти тим кој обезбеди пласман во полуфиналето на 30-тото издание на Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Во последната четвртфинална пресметка томот од скопската населба Тафталиџе по голема борба го совлада десеткратниот освојувач на купот Работнички со 78-73.

Откако во првиот период кошаркарите на ТФТ беа оние кои го диктираа темпото и контролираа резултатот, па четвртината ја добија со 23-18, во втората четвртина Работнички беше оној кој одигра подобро. Тимот од „Градски парк“ ја доби четвртината со 23-19, па на полувреме се замина со поен предност на ТФТ.

Истата разлика остана и по третата четвртина која заврши со израмнет резултат 15-15, па во последната се решаваше се. А, во неа предводени од одличниот Ташовски кои погодени неколку клучни поени, ТФТ создаде солидна предност која Работнички не успеа да ја анулира.

Најефикасен во победничката екипа беше Бишоп со 23, додека Костовски постигна 17, а Тасовски 16 поени.

Така утрешното прво полуфинале од 17 часот, практично ќе биде реприза од минатогодишното финале, а во него ТФТ ќе игра против актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром,

Во второто од 19.30 часот ќе се сретнат Пелистер и Феникс.