Супер натпревар без победеник со четири погодоци одиграа Барселона и Манчестер Јунајтед на ,,Камп Ноу”.

Барселона прва поведе со голот на Маркус Алонзо во 50-тата минута на асистенција на Рафиња. Радоста на Каталонците траеше само три минути, кога Маркус Рашфорд го матираше Тер Штеген. Целосен прсврт на натпреварот приреди дефанзивецот  Кунде кој ја затресе сопствената мрежа.

Асистентот на првиот гол на Барселона, Рафиња, донесе изедначување во 76-тата минуа, на асистенција на Кунде, кој успеа колку толку да се искупи за грешката во 59-тата минута.

Иако се редеа голем број шанси до крајот, мрежите останаа мирни во последните 15-тина минути, па се ќе се одлучува во реванш натпреварот на Олд Трафорд.